Ортодонција

Ортодонцијата е важен дел од современата стоматологија, насочена кон исправување на неправилностите во положбата на забите и вилиците. Ние нудиме најразлични третмани, прилагодени на вашите потреби, со цел да обезбедиме здраво и естетски пријатно решение за вашата насмевка.
Мобилни апарати
Мобилните апарати се идеален избор за пациенти во мешовита дентиција, особено кај помлади пациенти. Тие се изработени од акрилатна база, шраф и прецизно приспособени жици, а нивното поставување и вадење е лесно и едноставно. Благодарение на здравственото осигурување, сите пациенти до 18 години имаат право на 3 бесплатни мобилни апарати.
Фиксни апарати
Фиксните апарати се популарно решение за сложени ортодонтски корекции. Поставени од страна на нашиот специјалист ортодонт, тие вклучуваат систем на брекети – метални, керамички, со еластични лигатури или self-ligating – и жици кои постепено ги поместуваат забите во правилна положба.
Invisalign
Invisalign е иновативен ортодонтски третман кој користи проѕирни фолии и дигитална симулација за прецизно движење на забите. Овој дискретен и комфорен метод е идеален за оние кои сакаат ефикасна и речиси невидлива корекција на својата насмевка.