Општа Стоматологија

Општата стоматологија е основа на нашата секојдневна работа. Со професионален пристап и посветеност, се грижиме за здравјето на вашите заби и усната празнина, обезбедувајќи максимална удобност и доверба во секој чекор.

Нудиме редовни прегледи за рано откривање и спречување на стоматолошки проблеми. Без разлика дали сте дете или возрасен, овие прегледи вклучуваат дијагностика, рентгенска снимка, чистење на заби и навремено решавање на секој проблем

Нашите услуги во рамки на општата стоматологија:

Пломбирање на заби
Кога кариесот ќе го загрози здравјето на вашите заби, ние го отстрануваме оштетеното ткиво и го реконструираме изгледот и функционалноста на забот со висококвалитетни композити.

Композитни ламинати
Со оваа естетска процедура, го обновуваме природниот изглед и ја подобруваме естетиката на вашите заби, враќајќи ви ја самодовербата за секоја насмевка.

Чистење на забен камен и пародонтолошки третман
Отстранувањето на забниот камен и меки наслаги е основна постапка за здрави непца. Дополнително, обработуваме пародонтални џебови за да спречиме или санираме заболувања на непцата.

Екстракција на заби
Кога е потребно вадење на млечни или трајни заби, нашите стоматолози ја изведуваат постапката со врвна прецизност и професионалност. Секој чекор е насочен кон минимизирање на непријатноста и обезбедување на максимална удобност, за вашето искуство да биде што е можно попријатно.

Белеење на заби
Белењето на забите е естетски стоматолошки третман кој го осветлува природниот тон на забите, било однадвор или одвнатре. Овој процес овозможува побела и посјајна насмевка, враќајќи ѝ ја свежината и самодовербата на пациентот.

Постојат неколку професионални методи за белење на забите:
-Ласерско белење – брз и ефикасен третман кој се изведува во стоматолошка ординација и дава веднаш видливи резултати.
-Избелување во домашни услови (под надзор на стоматолог) – се користат специјално изработени шини и професионални гелови за контролирано и безбедно избелување.
-Внатрешно белење на заби – најчесто се применува кај ендодонтски третирани заби (со изваден нерв) кои со текот на времето потемнеле.

Галерија