Орално Хирушки Интервенции

Во Ортодент нудиме орално хируршки интервенции, изведени со најсовремени техники и максимална грижа за вашето здравје. Нашиот тим е тука за да ви обезбеди професионална помош при комплексни стоматолошки состојби, со минимална непријатност и брзо закрепнување.
Екстракција на лошо позиционирани заби и корени
Некои заби, особено умниците, може да бидат неправилно поставени и да предизвикаат болка, инфекции или да ги оштетат соседните заби. Со прецизна екстракција ги решаваме овие проблеми, спречувајќи идни компликации.
Гингивектомија (Електрокаутеризација)
Оваа процедура е идеално решение за отстранување на вишок гингивално ткиво, подобрување на оралната хигиена и естетскиот изглед на вашата насмевка. Електрокаутеризацијата обезбедува точност и минимална траума за пациентот.
Циркумцизија
Циркумцизијата е специјализиран зафат за отстранување на меки ткива околу забот, со цел подобрување на здравјето на гингивата или подготовка за други стоматолошки процедури.
Инцизија
Кога постои апсцес или инфекција во оралната регија, изведуваме инцизија за да се ослободи притисокот, да се исчисти инфекцијата и да се овозможи брзо закрепнување.