Детска и Превентивна Стоматологија

Најдобрата стоматологија е превентивната стоматологија, особено кај најмладите. Во Ортодент посветуваме посебно внимание на превентивата, бидејќи здравите орални навики и раната грижа се клучни за правилен раст и развој на забите.

Рано откривање на кариес.
Со редовни контроли, го спречуваме појавувањето на кариес или го лекуваме уште во најраната фаза. Ова не само што го зачувува здравјето на млечните заби, туку и го подготвува теренот за здрави трајни заби.

Откривање на ортодонтски аномалии.
Раното препознавање на неправилности во растот и положбата на забите или вилиците е од суштинско значење за нивно успешно корегирање.

Едукација и грижа за оралната хигиена.
Ние не само што лекуваме, туку и ги едуцираме најмалите за важноста на редовното миење на забите, правилното користење на конецот и правилната исхрана. Ова создава здрави навики кои ќе ги пратат низ целиот живот.

Галерија