ПРОФИЛ

Стоматолошката ординација Ортодент е формирана во 2003 г. во Штип, и се наоѓа на Ул. Ванчо Прке 16, во строгиот центар на градот. Ординацијата е опремена со високо квалитетна стоматолошка опрема и ефектно дизајниран ентериер кој е потребен за личниот комфор и безбедност на пациентот, а воедно овозможува непречено и професионално работење на докторот во дискретна и релаксирачка атмосфера.
Нашиот тим е континуирано едуциран и е посветен на професионалната надградба.
Посебен акцент ставаме на естетската стоматологија и совршената насмевка, која ја постигнуваме со примена на нашите знаења од сите специјалистички области во стоматологијата.

Наша цел е создавање на СОВРШЕНА НАСМЕВКА како резултат на нашите професионални можности.