ОРТОДОНЦИЈА

Третмани кои ќе ви ја вратат насмевката, ќе ви ја подобрат здравствената состојба и ќе ви влеат самодоверба.
Нема потреба повеќе да ги криете своите заби, бидејќи нашиот ортодонски третман е тука да ви ја врати изгубената насмевка. Протезите ќе ви ја подобрат поставеноста на забите во устата, ќе ви овозможат подобар загриз и општо ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот.
Ортодонцијата го решава проблемот и на парадонтопатични заби. Имено, во многу случаи поради лошата поставеност на забите и позицијата на коската пациентите немаат можност да добијат идеални протетски помагала. Но, по спроведувањето на ортодонски третман и на овие пациенти им се овозможува да добијат совршени естетски коронки и мостови.

ТИПОВИ ОРТОДОНСКИ АПАРАТИ:

- Мобилен ортодонски апарат;
- Фиксен ортодонски апарат:
а. Со метални бракети;
б. Со естетски бракети.
- Решавање на случај со расцепи;
- Предпротетска ортодонција.

Случај на предпротетска Ортодонција
Од ортодонска аномалија до СОВРШЕНА НАСМЕВКА!